Експеримент: Девојче облечено како богаташка и како бездоминик - реакцијата на луѓето е загрижувачка

Експеримент: Девојче облечено како богаташка и како бездоминик - реакцијата на луѓето е загрижувачка

Објавена во: Совети // Семејство

Ескпериментот покажа дека некои луѓе околу нас се невидливи, а за жал облеката ги прави такви...

Убедливиот социјален експеримент на една хуманитарна организација ѝ дал задача на младата актерка Анона, која има шест години, да се преправа дека е бездомник, со што би се тестирала реакцијата на јавноста.

Анона сама шетала по улиците и сама влегувала во кафулиња - прво како богато дете, кое е убаво облечено, со чиста облека и лице, а потоа како сиромашно дете со извалкано лице и облека.

Во првиот случај, ѝ пристапувале загрижени лица кои ја застанувале да прашаат дали е добро. Повеќето ѝ се насмевнувале и се обидувале да дознаат зошто стои сама на улица, а многумина ѝ доволиле и да седи покрај нив додека јаделе и пиеле.

Другата ситуација предизвика поинаква реакција кај минувачите: девојчето било главно игнорирано, а еден човек дури ја избркал од локалот.

По ова, УНИЦЕФ беше принуден да го прекине социјалните експеримент, бидејќи малата актерка се вознемирила.

„Само затоа што лицето ми беше валкано, но и целата облека, луѓето ме бркаа од масите“ - кажа таа.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: