Експертите тврдат дека ја откриле причината зошто гледаме во мобилниот пред спиење: Дали се во право?
Можеби не сме ни свесни дека тоа го правиме од оваа причина, но има смисла...
Иако знаеме дека не би требало да гледаме во мобилниот пред спиење, бидејќи тоа влијае на квалитетот на нашиот сон, потешко заспиваме, а има и негативно влијание на психичкото здравје - и понатаму го правиме тоа. Експертите сега се еверени и знаат зошто го правиме тоа.
Да гледаме во мобилниот пред спиење, додека „скроламе на Инстаграм или ТикТок, гледаме нови видеа на Јутјуб или се допишуваме - сето тоа стана нормално. Иако знаеме дека не е добро за нашиот сон, не можеме да си помогнеме. Но, зошто го правиме тоа? Зошто гледаме во мобилниот пред спиење? Која причина и да ја каже секој еден од нас, постои една која ни е заедничка на сите, а за која можеби и не сме свесни. Експертите од „Vita Health Group“ тврдат дека пред спиење гледаме во мобилниот, бидејќи така избегнуваме да се соочиме со чувствата, поточно со чувството на самотија.
Истражувањето покажало дека 56% од младите луѓе гледаат во мобилниот телефон пред спиење. Преку ден кога сме во движење, со обврски, зафатени сме различни работи, но навечер кога ќе легнеме во кревет сме сами со нашите мисли. За некои тоа е олеснување и одмор, но не и за младите. Во овој период од денот многу работи ни се мотаат во глава, а често како една од нив се јавува и самотијата. Со цел да се чувствуваме помалку осамено и да не мислиме на тоа што не мачи, го зимаме мобилниот и се пуштаме во „скролање“ на социјалните мрежи. На тој начин од глава ги исфрламе сите негативни и загрижувачки мисли и се фокусираме на забавата. Иако тоа изгледа како добра идеја, тоа помага само краткорочно, а со сите чувства кои ги избегнуваме ќе мора да се соочиме кога - тогаш.
фото: bbernard / Shutterstock