Ел повторно се најде во ситуација каде мора да бира: Објавена е најавата за „The Kissing Booth 3“

Ел повторно се најде во ситуација каде мора да бира: Објавена е најавата за „The Kissing Booth 3“

Објавена во: Stars // Филм

По објавениот датум на премиерата, излезе и првиот трејлер за продолжението на овој популарен филм...

Објавен и трејлерот за третото продолжение на популарниот филм „The Kissing Booth“. Со оглед на тоа дека сите претходни продолженија се снимени според книга, овој би требало да биде поинтересен, бидејќи во овој случај ќе се пишува книга врз основа на продолжението. Трејлерот ни откри нешто повеќе, па погледнете дали ги исполнува сите ваши очекувања.

Трејлерот за третото продолжение на „The Kissing Booth“ ни открива повеќе отколку што мислевме! Знаевме дека истиот ќе биде фокусиран на заминувањето на факултет на Ел, но таа и во оваа ситауција ќе биде во дилема - дали да го одбере Ноа и со него да се пресели или ќе го исполни ветувањето кое му го даде на својот најдобар пријател Ли за заедно да одат на факултет? Ни преостанува да почекаме да излезе филмот и да дознаеме каква одлука донесе Ел.

Третото, а воедно и последно продолжение на „The Kissing Booth“ беше најавен уште минатото лето од страна на главните актери. Но, дури неодамна е потврден датумот кога ќе се одржи официјалната премиера, а сега е објавен и трејлерот.


Филмот премиерно ќе биде прикажан на 11 август, а до тогаш може да го погледнете трејлерот и само да си претпоставувате со што ќе се соочи Ел овој пат.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: