Електронско потпишување на корисничка документација во А1 Македонија

Електронско потпишување на корисничка документација во А1 Македонија

Објавена во: После „Школо“ // PR

Како компанија која се залага за воведување напредни технологии, а во интерес на обезбедување врвно корисничко искуство, А1 Македонија воведе електронско потпишување на корисничка документација со што значително се поедноставува процесот на подготовка и издавање на потребната документација кон корисникот и го софистицира пристапот на процесот за продажба. 

Електронскиот потпис го заменува своерачниот потпис при потпишување на документи издадени во дигитален облик со што се забрзува процесот на потпишување на документација, а воедно се намалува и употребата за користење на хартија и физичко архивирање на документацијата.

Се користи за безбедна електронска комуникација со која се потврдува идентитетот на потписникот како и веродостојноста на дигиталните документи.

Електронско потпишување на корисничка документација во А1 Македонија се одвива преку eSignAnyWhere креирана од компанијата Namirial Spa од Италија која обезбедува сложени ИТ решенија од областа на дигитално потпишување и обезбедува услуги од доверба, дефинирани во регулативата на ЕУ.

eSignAnyWhere е платформа за електронско потпишување на документи и нивно менаџирање кое опфаќа конфигурација на потписното сценарио, проследување, потпишување, споделување и чување на документацијата која е предмет на електронско потпишување.

Платформата обезбедува и овозможува едноставно, напредно и квалификувано електронско потпишување и користење соодветни сертификати за електронско потпишување. Електронски потпишаната корисничка документација се чува во електронска архива на А1 Македонија за која се исполнети сите Европски стандарди на безбедност, сигурност и доверливост за чување на информации од ваков карактер.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: