Елена Китиќ е модна икона од мала: Со фотка од минатото со мајка ѝ ги запали социјалните мрежи - не би ја препознале (ФОТО)
Малата Елена своевремено со родителите се појавила на снимањето на една емисија и тоа во јакна, која во тоа време била моден хит...
Откако со првиот сингл се појави на естрадното небо, младата пејачка и ќерка на популарниот естраден пар, Елена Китиќ не престанува да ја интригира јавноста и да привлекува внимание.
Елена со своите екстравагантни песни и смел имиџ за кратко време се истакна помеѓу пејачките од младата генерација. Нема сомнеж дека првобитната популарност ја доби преку познатите родителите, Миле Китиќ и Марта Савиќ, а многумина шпекулираат на кој личи повеќе. Сега исплива фотка од нејзиното рано детство, на која пејачката позира со мајка ѝ Марта, која тогаш била на врвот од својата пејачка кариера.
Очигледно е дека Елена убавината ја наследила од мајка ѝ, а многумина сметаат дкеа подеднакво личи и на татко ѝ Миле. Познато е дека ги следи модните трендови, а судејќи по сѐ добриот вкус со години го градела со помош на мајка ѝ.
Инаку, јавноста многу шпекулира за љубовниот живот на пејачката, која досега ниту еден партнер не го претставила јавно.
фото: Принтскрин / Инстаграм