Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски ги вкрстија гласовите по 7 години: Заедно ги отпеаја своите најголеми хитови
Овој викенд Ламбе Алабаковски и Елена Ристеска беа специјални гости во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре и многу свои обожаватели ги потсетија на деновите кога беа во екот на популарноста.
Имено, во емисијата тие двајца се видео првпат по седум години и евоцираа спомени од нивните почетоци на естрадата и времето во кое како што раскажаа биле како брат и сестра. Во текот на емисијата, исто така заедно ги отпеаја своите најпознати песни - „Море од солзи“, „Нинанајна“, „Да не си тука“, „Усни како темно мастило“, „Бело е се“ и „А, можевме“.
Како звучеа Елена и Ламбе, слушнете во продолжение:
Инаку, претходно за Женски магазин Ламбе се присети на своите почетоци, кога дошол во Скопје и спомена дека во тие денови Елена многу му помогнала.
„Кога дојдов во Скопје од Битола, кога победив на М2 имав смао 17 години. Елена веќе беше позната, и беше дел од оние кои пријателски ми помогнаа на почетокот“.
фото: Принтскрин / Фејсбук