Елена Ристеска маскирана позира со Драган Вучиќ: Пронајде фотка стара 22 години

Елена Ристеска маскирана позира со Драган Вучиќ: Пронајде фотка стара 22 години

Објавена во: Stars // Музика

Откако вчера сите ги потресе веста за смртта на едно од најпознатите лица од малите екрани, музичар и композитор, Драган Вучиќ, социјалните мрежи беа преполни со последни поздрави, сочувство до семејството, но и фотографии стари многу години.

Една таква стара фотографија, која е стара 22 година, сподели и поп пејачката Елена Ристеска. Покрај фотографијата има и мал текст, кој Елена го посвети на средбата кога е направена истата.

„Ова е 1998 - ма, уште не бев почната со кариерата, имаше во склоп на „Сител бамбини“ избор на најдобара маска, јас бев Касандра. И ете слика со Драган. Се уште сум во шок. Сочувство до семејството, посебно до Мартин... Загуба на родител - какво е чувството не се објаснува...“ - напиша пејачката покрај фотографијата.

Може да ве интересира:

Меѓу првите го препозна нејзиниот талент: Мартија се прости од Драган ВучиќОткриваше нови таленти: Кој познат македонски пејач беше дел од шоуто на Драган Вучиќ?

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: