Ели има 18 години и веќе го освојува светот на модата: Стана првиот модел на Gucci со Даунов синдром

Ели има 18 години и веќе го освојува светот на модата: Стана првиот модел на Gucci со Даунов синдром

Објавена во: Мода // Moj стил

Gucci во соработка со италијанскиот магазин „Вог“, Ели ја пронашле преку Инстаграм и хаштагот #PhotoVogueFestival.

Иако естетиката на компанијата Gucci Beauty е веќе долго прогресивна во однос на другите модни гиганти, поединечни фотографии ја покажуваат и нивната инклузивна страна и пресврт кон оние кои инаку не се застапени во модната индустрија.

Ели Голдстајн има 18 години и стана првиот модел за козметиката „Gucci“ со Даунов синдром. „Gucci“ во соработка со италијанскиот магазин „Вог“, Ели ја пронашле преку Инстаграм и хаштагот #PhotoVogueFestival.

„Креирав L'Obscur маскара за автентична личност која користи шминка за да ја раскаже својата приказна за слободата, на свој начин“ - кажа дизајнерот Алесандро Микеле.

Ели посетува курс по уметност на колеџот во Редбриџ, а поради кампањата на „Gucci“ во Лондон своевремено поминала еден ден.


„Навистина уживав да бидам модел и ми се допадна да носам фустан од „Gucci“. Горда сум на фотографиите и би сакала да станам позната. Се радувам и на соработката со други брендови“ - додаде Ели.

Таа инаку станала модел кога нејзината другарка видела оглас од агенцијата Zebedee Management, па ја охрабрила да се јави. Ели со таа агенција соработува веќе неколку години, учествувала во бројни промотивни кампањи, а ова ѝ е прв голем моден ангажман.

„Инклузијата на луѓето во индустријата е важна, не само поради нивните права и морални начела, туку и бидејќи економски има смисла. Куповната моќ на луѓето со инвалидитет се проценува на скоро 300 милиони долари годишно, што е неверојатен износ“ - кажа Лора Џонсон од агенцијата Zebedee која ја застапува Ели Голдстајн.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: