Елтон Џон ги крие синовите од очите на јавноста: Нивното ретко појавување предизвика воодушевување (ФОТО)

Елтон Џон ги крие синовите од очите на јавноста: Нивното ретко појавување предизвика воодушевување (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Децата на Елтон Џон досега не се појавуваа во јавноста, бидејќи познатите родители се трудат да им овозможат нормално детство далеку од светлата на рефлекторите...

Традионалната холивудска забава по Оскарите, која ја организира здружението против СИДА на Елтон Џон, оваа година помина во знакот на неговите синови кои долго не можевме да ги видиме во јавноста. Закари (8) и Илајџа (6) е речеси невозможно да се видат во јавноста, а секогаш ќе се појави нова фотографија од нив, изгледа како да се некои други момчиња.

Меѓутоа, сега момчињата гордо стоеја на црвениот килим и тоа со нивната кума Лејди Хаха, која не ги испушташе од вид и која повеќе пати кажа колку се прекрасни и колку ги сака. Иако има многу оскаровски забави, онаа на Елтон е една од најценетите и ја посетуваат најголемите имиња од А-листата. Овие забави имаат хуманитарен карактер и досега на нив се соберени милиони долари кои се вложуваат во барање лек против СИДА.

Меѓутоа, првпат за 30 години, музичарот не можеше да биде домаќин на забавата, бидејќи моментално се наоѓа на турнејата „Farewell Yellow Brick Road“, која опфаќа 15 земји во кои ќе се одржат повеќе од 120 концерти.

Со оглед на тоа дека картите беа распродадени, а имаше и доцнења и промени кога е во прашање датумот на доделувањето на Оскарите, преклопувањата помеѓу датумите помеѓу Оскарите и турнејата на Елтон беа неминовни. Но, тој сакаше да биде фер кон обожавателите кои не се откажаа од одлуката да го гледаат во живо.

Како утеха за себе, Елтон на својот Инстаграм сподели фотографии од своите синови. Момчињата позираа во сини костуми со бордо вратоврски и уредни фризури, а стоеја покрај неговиот сопруг Дејвид Фурнишер и кумата Лејди Гага.

„Тажно е да се пропуштат овие семејни моменти“ - напиша Елтон и додаде.


фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: