Ема Вотсон откри нови непознати детали од снимањето на Хари Потер: Кој е големиот проблем со кој се соочиле актерите?

Ема Вотсон откри нови непознати детали од снимањето на Хари Потер: Кој е големиот проблем со кој се соочиле актерите?

Објавена во: Stars // Филм

Пред премиерата на специјалната емисија по повод 20-годишнината од првиот филм за Хари Потер, Ема Вотсон го откри големиот проблем со кој актерите се соочиле додека го снимале првиот филм. Актерката во специјалот, во кој се дел и Даниел Редклиф, Руперт Гринт и режисерот на првиот и вториот филм, Крис Колумбос, објасни дека како деца имале проблем да се фокусираат.

„Голем проблем беше тоа што, за време на снимањето, нашето внимание доаѓаше и си одеше“ - се присетува актерката. Зборувајќи искрено, никој не може да ја обвини, со оглед на тоа што актерите кои ги глумеа Хермоина Грандер, Хари Потер и Рон Сејсли имале само по 10, 11 и 12 години. 

„Ќе изговоревме еден дел, а потоа би се насмеале во камерата... или беа толку среќни што се во филмот за Хари Потер, што не можеа да ја контролираат својата возбуда, доволно долго за да се фокусираат на целата сцена“ - додаде режисерот Крис Колумс.

Сите обожаватели на франшизата Хари Потер едвај чекаат да слушнат уште информации и авантури од Ема Вотсон и нејзините колегија, а „Harry Potter: Return to Hogwarts“ премиерно ќе биде прикажан на 1 јануари на ХБО Макс.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: