Емотивна објава за роденденот на саканата: Џастин Бибер ѝ ги посвети најубавите зборови на Хејли

Емотивна објава за роденденот на саканата: Џастин Бибер ѝ ги посвети најубавите зборови на Хејли

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Хејли пред неколку дена го прослави својот 25-ти роденден, а најслатка порака ѝ напиша нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер, со кој е во брак веќе 3 години. Во пораката ѝ даде до знаење дека е негова единствена и кралица без која животот не би му имал смисла.

Популарниот пејач Џастин Бибер ги растопи срцата на обожавателите со емотивната објава, која ја сподели на Инстаграм. Објавата ѝ ја посвети на својата сопруга, моделот Хејли Бибер, која пред неколку дена наполни 25 години, пишува „Bustle“.

„На мојата сакана славеничка. Моето срце ти припаѓа тебе, моите очи ти припаѓаат на тебе, моите усни ти припаѓаат на тебе. Твој сум. Благословен сум што сум твој. Ти си моја засекогаш. Животот не ми имаше смисла додека ти не ми стана жена.

Никогаш нема да престанам да те сакам, никогаш нема да престанам да те држам и никогаш нема да престанам да те штитам. Ти си моја единствена кралица и ќе се трудам да се чувствуваш како кралица, каква што си. Како што би кажала твојата баба со својот португалски нагласок „Happy bursday baby“. Ќе те сакам до крајот на животот, па и потоа“ - напиша Џастин.

Оваа светски позната двојка во брак е веќе три години, а покажаа дека не може да ги разделат ниту гласините кои се шират за нив, но ни минатото на Џастин со познатата пејачка, Селена Гомез, иако некои обожаватели сѐ уште не можат да ја преболат нивната разделба.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: