Емотивна средба на сестрите кои се виделе за првпат: Успешно се раздвоени сијамските близначки

Емотивна средба на сестрите кои се виделе за првпат: Успешно се раздвоени сијамските близначки

Објавена во: Совети // Семејство

Сијамски близначки од Израел, кои се родени свртени со грб една кон друга и со споени глави, се раздвоени со операција и за првпат се погледнале во очи...

Едногодишни сијамски близначки се успешно раздвоени и сестрите кои биле споени со главите и грбовите конечно може да се видат.

Израелските доктори првпат извеле многу ретка операција на едногодишните сијамски близначки кои се родени со споени глави и свртени со грбот една кон друга.

12-часовната операција е направена во Медицинскиот Центар Сорока во Биршеба, пишува „Јерусалем Пост“.

„Ова е многу ретка операција, досега во светот е изведена само 20 пати, а првпат во Израел кај едногодишни бебиња, едни од најмладите на кои овој зафат е изведен.“ - кажа докторот Мики Гидон, директор на детската неврохирургија во Сорока.


Тој додаде дека следните неколку дена ќе бидат пресудни во процесот на заздравување на близначките.

Многу од вработените кои биле вклучени во постапката, соработувале со родителите од раѓањето на нивните ќерки.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: