Емотивна средба на жена со куче: По две години трагање, конечно го пронашла својот миленик
Аша Ниевес барала ново куче за своите деца. Гледајќи ги фотографиите на веб - страниците на стационарите за кучиња, наишла на фотка од нејзиното куче Ков, кое исчезнало од нејзиниот двор уште во 2019 година.
„Најпрво мислев дека нема шанси тоа да е моето куче. Имаше друго име. Кога сфатив дека тоа е навистина моето куче, бев возбудена и почнав да се тресам“ - кажа жената.
Кучето го препознала по белегот на окото, па тргнала во акција за да го врати дома.
Ков исчезнал во 2019 година, кога се провлекол низ дупка на оградата. Сега ѝ било кажано дека по бегството завршил во стационар во лоша здравствена состојба. Во меѓувреме нашол нов дом, но е вратен во стационарот кога тоа семејство морало да се пресели.
Во моментот кога Ков ја видел Аша среќата е била неминовна, а како изгледало сето тоа, погледнете во видеото во продолжние: