Емотивно писмо до Дедо Мраз: Малиот Михајло ги расплака сите
Кога на детето ќе му се даде можност само да го одбере подарокот за Нова Година, Божиќ или роденден, обично се очекува дека ќе одбере некоја модерна играчка или облека.
Меѓутоа, понекогаш нивните неговите најголеми желби не се насочени кон нив самите, туку кај оние најмилите. Токму поради тоа, писмото на еден Михајло ги воодушеви и растажи сите оние кои имаа можност да го видат неговото писмо до Дедо Мраз на социјалните мрежи.
Момчето по име Михајло, има само една желба од Дедо Мраз, а тоа е неговиот брат Коста повторно да може да слуша, поради што ги замоли сите луѓе да му помогнат. Ова топло и со љубов напишано писмо, се појави на Твитер, а сите оние кои имаа можност да го прочитаат, останаа без зборови.
„Драг Дедо Мраз, мене не мора ништо да ми донесеш за Нова година. Јас само би сакал да ги замолам луѓето да му помогнат на мојот брат да може да слуша. И јас и Коста бевме добри оваа година! Михајло“ - напиша ова момче.
Idi, bre, dete... pic.twitter.com/cSTy9WfJgf
— Antiprotivan (@antiprotivan73) November 27, 2019