Емотивно видео: Добив нова фризура од ќерка ми по хемотерапијата

Емотивно видео: Добив нова фризура од ќерка ми по хемотерапијата

Објавена во: Совети // Семејство

Кога на мајка од Јута минатото лeто и е дијагностициран рак на јајниците, онкологот и предложил во своето лекување на некој начин да ги вклучи децата. За неа тоа значело дека на својата ќерка која обожава да прави фризури ќе и дозволи да и ја обликува косата.

Минатото лето на Емили Ортон и е дијагностициран рак на јајниците и требало да започне со хемотерапија. Онкологот и кажал дека тоа искуство ќе влијае и на нејзините три деца. „Непосредно пред да започнам со хемотерапијата, мојот доктор ми кажа 'запомни дека ова е емоционално и за твоите деца. Не си единствена која помина низ тоа'“ - рече 32 - годишната мајка за TODAY Parents. „Ми предложи да најдам начин како да ги вклучам“ - додаде.

Кога зопочнала да и паѓа косата, Ортон одлучила да ја вклучи својата 4 - годишна ќерка за да и помогне во решавањето на ситуацијата. Во видеото кое стана вирално на Инстаграм и Јутјуб, гордата мајка ја документирала новата фризура.

Емили од своите пријатели добила бројни пораки кои содржеле пофалби и поддршка.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: