Емотивно видео: Татко танцува пред болница за да го развесели својот болен син
Емотивното видео од таткото кој танцува пред болницата во која се лекува неговиот син е хит на Интернет, пишува Metro.
Видеото е споделено на Фејсбук страницата на Медицинскиот центар „Cook Children's“ во Тексас, а голем од луѓето кои коментираа на истото беа позитивно изненадени од гестот на таткото, чиј син се лекува од леукемија.
Во болниците е дозволена посета само од едниот родител, па така 14 - годишниот Аиден на терапатијата го придржува неговата мајка Лори. Но, неговиот татко Чак не се откажува од тоа да го развесели својот син, па секојдневно танцува под прозорецот од неговата соба.