Емотивното писмо до Дедо Мраз кое го расплака Интернетот: Сакам само светот да се врати на старо
Ова писмо ги растажи корисниците на Фејсбук...
Пандемијата на коронавирус го запре светот, крајот за жал се уште не се гледа, а колку сето ова отиде предалеку, покажува и потегот на едно мало девојче од Австралија кое има само една желба за новогодишните и божиќните празници.
Имено, Саманта Дикен, мајката на 8 - годишното девојче го пронашла писмото кое нејзината ќерка го напиша во својата соба до Дедо Мраз, пишува „The Sun“.
Истото го споделила во групата „Семејни совети и идеи“, а писмото за кратко време стана вирално.
„Драг Дедо Мраз, оваа година за Божиќ сакам само светот да се врати на старо. Не знам дали можеш да го исполниш тоа, но доколку можеш би било убаво. Не ми пречи доколку не добијам подароци, имам сѐ што ми е потребно. Ти благодарам“ - пишуваше во писмото.
Погодена од желбата на својата ќерка, оваа мајка ги прашала другите родителите како пандемијата влијаела на нивните деца.
„Кога би можел Дедо Мраз да ја исполни нејзината желба“ - додаде Саманта, по што сите корисници на оваа група пишуваа дека и нив ги растажило ова писмо, што дури пуштиле и неколку солзи.
„Колку е само несебична“ - заклучи еден од членовите на групата.