Есенска хит фризура: Социјалните мрежи го одредија следниот тренд кога е косата во прашање

Есенска хит фризура: Социјалните мрежи го одредија следниот тренд кога е косата во прашање

Објавена во: Мода // Moj стил

Ова стана вирална фризура во последно време...

Кога не знаеш дали да си направиш шишки или не, оваа фризура е идеалното решение. Ќе имаш шишки, но ќе немаш проблеми со нив кога ќе почнат да растат, а ќе изгледаш супер.

Оваа есен ќе се носи „curtain bangs“. Така барем кажуваат социјланите мрежи. Да направиш шишки или не е најтешкото прашање кога станува збор за фризурите. Знаеш дека ќе имаш проблеми со нив кога ќе ги направиш, но сепак многу сакаш. Овој тренд ќе ти ја олесни одлуката, бидејќи оваа есен ќе се носат шишки, но не кратки, туку малку подолги, така што можеш да им направиш патец и да ги носиш на страна - како завеси на прозорци, од каде што е називот „curtain bangs“.


Ова е малку ретро фризура и истата била хит во 70 - тите, но сега некако почна повторно да се носи. Супер е тоа што ваквите шишки е многу полесно да ги тргнеш од лицето, кога не сакаш да ти пречат. 

Дали оваа фризура ќе ти стои добро или не, најдобро е да го прашаш твојот фризер пред да се одлучиш за ваква промена. Како коса и да имаш, рамна или кадрава, не би требало да имаш проблеми со неа, само најважно е дали ќе одговара на твојот облик на лице.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: