Есенски фотографии кои ги има секоја двојка: 6 кои мора да ги испробаш со твоето момче
Некои од овие идеи би можеле да послужат за вашата следна есенска фотографија...
Сите барем еднаш ја имаме поминато онаа возбуда кога сме во врска и сакаме за првпат да објавиме некоја фотографија на Инстаграм со момчето. Некои двојки навистина претеруваат со количината на фотографии кои ги споделуваат, но сепак некои од овие есенски фотографии би требало да ги имаш со момчето со кое си во врска.
Доколку си во врска и доколку објавуваш фотографии со момчето на социјалните мрежи, некои работи мора да ги знаеш. Постојат пози и начини на фотографирање кои мора да ги направиш со момчето, ако веќе ги немаш, бидејќи секоја двојка треба да има вакви есенски фотки. Есента е период во годината кога природата е полна со разни бои, па би било штета тоа да не се искористи. Провери ја листата во продолжение и дознај дали некои од овие ги имате веќе направено, а ако не сте, дефинитивно морате!
# Есенско зајдисонце
Ако некој временски период е неверојатно погоден за добра фотка, тоа е зајдисонцето или изгрејсонцето во есен. Заоѓањето на сонцето може да биде одличен мотив за фотка со твоето момче, бидејќи можете да си поиграте на различни начини за фотографијата да ја направите уште подобра.
фото: kraljgasper / Instagram# Фотографија на дожд
Фотографиите ни се едни од најубавите спомени кои можеме да ги имаме. Не мора да бидат селфи, но фотографијата на дожд секако дополнително ја доближува есенската атмосфера и студеното време, само малку ќе накиснете.
фото: pozovikasnijee / Instagram# Позирање со лисја
Освен што есента е многу шарена, има разни мотиви кои можат да помогнат кај вашите есенски фотографии. Еден од тие мотиви се лисјата во разни бои со чија помош можете да дојдете до супер есенски фотографии.
фото: maledine / Instagram# Спонтана фотографија
Спонтаните фотки се секогаш одличен избор, особено доколку се навистина спонтани. Но, оние кои се наместени да изгледаат спонтано се исто така добар избор, само да не се гледа дека ја глумите таа спонтаност, но во секој случај, голем лајк за ваквиот тип заеднички фотограгии во кои дополнително преовладуваат есенските бои.
фото: caja_fotografie / Instagram# Фотографија од шума
Шумата дефинитивно е најубава во есен поради разните бои и дизајни кои ги нуди. Токму поради тоа е идеална локација на која твоето момче и ти може да се фотографирате, а на крајот да добиете прекул фотки за на Инстаграм.
фото: romy.n.saleh / Instagram# Фотографија од кафуле во есен
Една од подобрите заеднички фотографии која може да ја направите е дефинитивно фотографијата од некое кафуле во есенски амбиент. Во поголемиот број случаи тоа се локации уредени во есенски стил, затоа ова е одлична идеја за добра есенска фотка.
фото: vynyvy / Instagram