Есента не е толку лоша: Работи кои ги прават среќните луѓе во текот на ова годишно време

Есента не е толку лоша: Работи кои ги прават среќните луѓе во текот на ова годишно време

Објавена во: Совети // Семејство

Во есен, кога има сè помалку сончеви денови, а надвор врне дожд и е ладно, многу луѓе паѓаат во есенска меланхолија.

За да цела есен и покрај лошото време, останете во добро расположение и да бидете среќни, експертите советуваат да ги направите следните работи:

# Заборавете на диетите

Првата работа која треба да ја заборавите во есен, за да може да бидете среќни е диетата. Запомнете, сите ограничувања во исхраната во есенскиот период негативно ќе влијаат на вашето расположение и благосостојба.

Лекарите советуваат дека доколку сакате да изгубите од тежината во студените денови од годината - користете ги принципите на здрава исхрана и занимавајте се со спорт, но немојте да ја ограничувате вашата исхрана.

# Спијте доволно

Да, важно е да се спие во текот на есента. Одложете ги курсевите, важните книги и завршувањето на обврските во доцните часови. Спијте најмалку 8 часа дневно. Прво, тоа позитивно ќе влијае на вашиот изглед, а второ, добриот сон ќе ви даде добро расположение и ќе ја зголеми продуктивноста во попладневните часови. 

# Одете на состаноци

Еднаш неделно, одете со партнерот во вашиот омилен ресторан, театар или на кино  - не е важно. Главната работа е есенските вечери да ги посветите на својот партнер и себе.

# Патување

Доколку имате можност да се одморите во деновите од есента - одлично.

На есен е најдобро да се оди на патување за да се обнови силата и чувството на задоволство и среќа. Еднаш или два пати месечно, испланирајте викенд патување и посетете ги баба и дедо на село. Уживајте во деновите од есента, иако знааат да бидат дожделиви. Патувањето секако ќе го подобри вашето расположение.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: