Ешли е поразлична од Иванка: Новата „прва ќерка“ некогаш била уапсена за дрога

Ешли е поразлична од Иванка: Новата „прва ќерка“ некогаш била уапсена за дрога

Објавена во: Живот // Живот

За разлика од Иванка, Ешли не ужива да биде во центарот на вниманието, има само приватен профил на Инстаграм и не е заинтересирана за место во администрацијата на татко ѝ...

Ќерката на Џил и Џо Бајден, Ешли е спротивност од Иванка Трамп. Оваа социјална работничка, е мажена за 14 години постариот пластичен хирург, поминала долг пат од апсењата поради поседувањето на дрога, до започнувањето на модна линија инспирирана од починатиот брат Бо.

Минатите четири години Иванка Трамп како прва ќерка на САД, уживаше во влијанието и моќта. Ешли Бајден е единственото дете на Џил и Џо Бајден. За разлика од Иванка, Ешли не ужива да биде во центарот на вниманието, има само приватен профил на Инстаграм и не е заинтересирана за место во администрацијата на татко ѝ.

Родена десет години пред Џо Бајден за првпат да се кандидира за претседател, Ешли израснала окружена со политика и под будното око на браќата Хантер и Бо, кој почина од рак во 2015 година. Хантер и Бо се синовите на Бајден кои ги имаше со Неил, која почина во сообраќајна несреќа во 1972 година, заедно со нивната ќерка Наоми.

Ешли во минатото имала проблеми со законот - уапсена е во 1999 година поради поседување на марихуана и во 2002 година поради опструкција на полицијата, а сега се испрашува и улогата на нејзиниот сопруг, хирургот Хауард Крајн во кампањата на Бајден, но генерално таа се тргна од медиумите и се фокусираше на кариерата како социјален работник, а започна и хуманитарна модна линија.

Се занимава со активизам и моден дизајн, а порано откри дека во раната младост создава страст кон државните активности, што не е ни чудно, бидејќи нејзиниот татко е цел живот во политиката. „Мојот татко е јавен службеник до крајот на животот, мама професорка во државно училиште, тоа е во моето ДНК“ - објасни Ешли во 2017 во едно интервју.

Студирала културна антропологија на Универзитетот Тулан, а дипломата за социјална работа ја добила на универзитетот во Пенсилванија и била една од 12 - те студенти кои освоиле награда John Hope Franklin за борба против расизмот. Работела во Правниот центар во Делавер, фокусот ѝ бил на кривичното право, а во 2014 година дошла на позицијата извршен директор на таа установа.

Ешли 15 години била социјален рбаотник во Одделот за помош на деца, млади и нивните семејства. Со тоа смислила програма за малолетници, згрижувачки семејства за поддршка на менталното здравје.

Нејзиниот активизам се разбудил уште во основно училиште. Кога била четврто одделение, дознала дека нејзиниот омилен бренд за сјај за усни Bonne Bell ќе ги тестира своите производи на животни. Набрзо смислила кампања против таквиот начин на работа.

Ешли се ангажирала и во помагањето за стасување на делфини и од својот татко Џо побарала поддршка. Му ја презентирала својата програма и го убедила да се заложи за тоа кај тогашниот конгресменка Барбара Боксер. Ешли дури се појавила пред членовите на Конгресот за да го поттикне донесувањето на законот, кој конечно е направен во 1991 и помогнал во заштита на делфините.

Сестраната ќерка на Бајден започнала и свој моден бренд „Livelihood“ чија главна цел била борбата против расната нееднаквост и нееднаквите примања, а преку него го поддржала и движењето „Black Lives Matter“.

„Горд сум на неа, од третата година сака да го промени светот“ - ја пофали Џо  својата ќерка. ТАа се активираше и во претседателската кампања на својот татко.

„Денес сум овде бидејќи го обожувам својот татко, но исто така, длабоко верувам дека тој има карактер и визија за тоа како треба да ја води оваа држава“ - раскажа Ешли во август кога беше домаќин на настанот „Жените за Бајден“.

Многу е блиска со полубратот Хантер, а таков однос имала и со починатиот Боа. Еднаш истакна дека нема посилна врска од онаа која ги спојува сестрата и браќата.

Преку покојниот Боа се запознала со својот сопруг, оториноларинголог и пластичен хирург Хауард Креин, за која се омажи во 2012 година. Нејзиниот татко еднаш покажа што мисли за нејзиниот маж. „Тој е вистинското момче“ - нагласи.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: