Ештон Кучер сите го знаеме, а ретко кој знае дека има брат близнак: Ја победи лошата болест, сега е инспирација за сите (ФОТО)

Ештон Кучер сите го знаеме, а ретко кој знае дека има брат близнак: Ја победи лошата болест, сега е инспирација за сите (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ширум светот многу луѓе го обожаваат Ештон Кучер, а ретко кој знае дека тој има брат близнак...

Пред повеќе од 40 години на свет дојдоа две момчиња. Едниот, кој се родил прв, е за нас добро познатиот актер Ештон Кучер, а другиот неговиот брат близнак.

Роден само 5 минути подоцна, Мајк Кучер имал кардиомиопатија, а неговата здравствена состојба подоцна се влошила. Иако многумина очекувале дека Ештон ќе реагира бурно, оваа околност уште повеќе ги зближила момчињата.

Ештон бил многу внимателно дете. Секогаш се грижел за помладиот брат. Се трудел секој ден да му го направи поубав. Му помагал, го мотивирал. Бил подготвен за него на направи апсолутно сѐ.

На само 13 години помислил да изврши самоубиство за неговото срце да му биде пресадено на неговиот помлад брат, на кој тогаш му била неопходна трансплантација за да продолжи да живее. За среќа, виталниот орган бил брзо пронајден, а браќата од тогаш се неразделни.

Ештен сакал да дипломира биохемиски инженеринг за да измисли лек за церебрална парализа, од која боледува и неговиот брат и многу други луѓе. Сепак, судбината имала други планови за него. Тој почна да глуми во филмови и за многу брзо време стана голема холивудска ѕвезда.

Мајкл стана одличен говорник и адвокат кој ги брани правата на децата со церебрална парализа.

И покрај тоа што Ештон не пронашол лек за својот брат, тоа не го спречило Мајкл да се бори за себе. Денес е оженет, има син, иако работи како адвокат, најголемиот дел од животот го поминува држејќи мотивациони говори и е инспирација за многу млади луѓе ширум светот.

Браќата денес се разделени, но тоа не се одразило на нивната брска и блискост. Уште повеќе, Мајкл во една прилика раскажа дека секој разговор со брат му го завршуваат со реченицата „Те сакам брат“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: