Еве кој ќе биде во фокусот на „спин-оф“ серијата „La Casa de Papel“

Еве кој ќе биде во фокусот на „спин-оф“ серијата „La Casa de Papel“

Објавена во: Stars // Филм

Фото: SCREENSHOT/YOUTUBE

Шпанската серија „La Casa de Papel“ заврши минатата година, но наскоро доаѓа нејзиниот „спин-оф“, кој ќе биде посветен само на еден лик.

Ликот околу кој ќе се базира овој „спин-оф“ е Берлин, тоа е Андрес де Фонолоса, миленик на многумина, пишува „Whats on Netflix“.


„Веќе го запознавме Берлин во „La Casa de Papel“, а сега е време да го запознаеме Андрес де Фонолоса. Веќе можеме да ви кажеме дека „спин-оф“ за неговиот живот ќе пристигне во 2023 година“, рече Алекс Пина, креаторот на оваа серија.

Она што досега го дознавме за Берлин преку „La Casa de Papel“ е дека тој има пет поранешни сопруги, меѓу кои и Татјана, па се претпоставува дека серијата ќе се наврати на тоа како ги запознал и неговиот живот со нив. Исто така, Берлин е брат на професорот, па најверојатно ќе научиме многу за нивниот заеднички живот.


Еден од најпознатите грабежи на Берлин е оној кога од Париз украл 434 дијаманти, па сигурно ќе бидеме запознаени со деталите од тој настан. „Ова ќе биде патување низ златните години на овој лик кога лудо заљубен крадеше низ цела Европа“, изјави Пина.


Точниот датум на излегување на оваа серија не е познат, но се зборува дека веќе се снима и дека сигурно ќе го види светлото на денот веќе следната година.

Извор: joomboos.24sata.hr

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: