Еве солзи ми доаѓаат на очите : Бред Пит предизвика лавина од коментари со ироничниот коментар за талентот на неговата ќерка (ВИДЕО)
Бред Пит се најде во центарот на вниманието благодарение на ироничниот и по малку остар коментар за неговата ќерка Шајло.
Бред Пит и Анџелина Џоли секогаш ги поддржуваат своите деца и се трудат да бидат примерни родители, а овојпат познатиот холивудски актер ги изненади сите со својот коментар.
Имено, неговата ќерка Шајло танцува хип хоп а видеата од неа за кратко време станаа вирални.
Холивудската ѕвезда Бред Пит вчера се појави на премиера и додека одговараше на бројни прашања на новинарите, следеше прашање поврзано со видеото кое достигна голема популарност, во кое неговата ќерка Шајло танцува. Па на прашањето како се чувствува во врска со нејзиниот талент, тој рече:
„Еве солзи ми доаѓаат на очите, ќе се расплачам“ - кратко одговори актерот и јасно стави до знаење што мисли за танцувачките способности на неговата ќерка, додавајќи дека тој нема премногу талент за танцување.
Бред Пит секогаш нагласуваше дека би бил најсреќен доколку неговите деца се занимаваат со професијата што ја сакаат, без разлика дали тој ја сака или не или дали има талент, како што е случајот со танцувањето.
Да потсетиме дека Бред и Анџелина имаат шест деца, Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.
Што мислите вие за овој негов коментар?
извор:GLOSSY