Евтино модно парче поради кое твојата зимска комбинација ќе изгледа поскапо и полуксузно: Го имаш ли?
Со ова модно парче, веднаш ќе изгледаш многу подобро...
Не треба да купуваш брендирана облека за твојата комбинција да изгледа како оние кои ги носат инфлуенсерките и моделите на Инстаграм. Иако нивниот стил е беспрекорен и знаеме дека можат да купуваат нова облека секоја сезона, ние другите тоа и не можеме да си го дозволиме и мораме да се снаоѓаме со она што го имаме. И тоа воопшто не е лошо, бидејќи секако можеш да изгледаш луксузно, само треба да знаеш како.
Еден зимски моден трик поради кој комбинациите ќе ти изгледаат полуксузно е да додадеш кожа. Не мислиме на облека од вистинска кожа, туку од онаа вештачката. На пример, голем хит оваа сезона се кожените панталони.
Парче кое можеш да го најде било каде по евтина цена, а кое твојата комбинација веднаш ќе ја преобрази од обична во моден погодок. Единствено нешто на што треба да вниманаваш кај купувањето е панталоните да не ти се прекратки, бидејќи нема ниту да изгледаш убаво, ниту ќе те штитат од студеното време. Особено се носат пошироките модели, никако оние тесните. Со гломазни чизми и вакви панталови, ќе изгледаш совршено.
Оние кои не се плашат од зимата, може во своите комбинации да ги додадат и кожените здолништа. Еднакво добро идеја која ќе даде одлични резултати. Немој да се грижиш дека е премногу доколку носиш кожена облека и дека таа е само за забави, бидејќи тоа одамна престана да биде правило.
Оваа година кжата е голем хит и сигурно веќе имаш неколку парчиња во плакарот. Немој да заборавиш на тоа и затоа користи ги. Ќе изгледаш и подобро отколку што мислиш.
фото: micablogerica / Instagram