Ежот Чапи живее како крал: Го хранат со благо, го масираат пред спиење и му ги мијат забите

Ежот Чапи живее како крал: Го хранат со благо, го масираат пред спиење и му ги мијат забите

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Вака изгледа еден негов ден...

Запознајте го Чапи, ежот кој има свој Инстаграм профил, на кој има повеќе од 16.000 следбеници.

Секој кој ќе го посети неговиот профил, без размислување го заследува. Сопствениците го третираат како „крал“ и го опсипуваат со љубов и внимание, а во продолжение ви откриваме како изгледа еден негов ден.

Штом се разбуди мора да се гали. Потоа следува задолжителното миење на забите, а потоа оди во дворот. Во текот на денот неговата „мајка“ го носи во неговата омилена продавница, а по ручекот сака да се опушти со игри. Пред спиење следуваат топлата купка и масажа. 








Не е можно откако ќе ги изгледате видеата да не посакате да имате еж како домашно милениче, особено доколку ви кажеме дека се многу едноставни за чување. Се сметаат за идеални миленици за луѓето кои немаат премногу слободно време. Не им се потребни посебни услови, ниту многу простор, може да ги собере во една дланка и се големи мази.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: