ФАКТ НА ДЕНОТ: Кога предат мачките?
Мачките најчесто предат кога им е убаво, но тоа го прават и кога на свет носат мачиња, кога се болни, кога дојат или во стресни ситуации. Научниците се` уште не се сигурни зошто го прават ова, но најчесто причната за ова ја гледаат во фреквенцијата на предењето. Поради тоа што мачките ја зачувуваат енергијата со долгите периоди на спиење и одморање, можно е предењето на одредената фреквенција да е механизам кој проектира мали количества енергија, за стимулирање на мускулите и коските.