Фановите и семејството 3 часа ги очекуваат на аеродром: Македонската делегација не можеше да слета во Македонија!
По вчерашниот успех на Евровизија, македонската претставничка Тамара Тодевска и нејзиниот тим, вечерва требаше да слетаат во Македонија, на Меѓународниот аеродром. Фановите и најблиското семејство на македонската делегација уште во 21 часот, кога беше предвидено да слета авионот од Истанбул, ги очекуваат на аеродромот.
Но, временските неприлики, односно силниот ветер, постојано го одложува слетување. Неколкуте обиди на слетување беа неуспешни, па затоа авионот во кој е македонската делегација се упати кон Приштина, Косово. Таму авионот успешно слета и Тамара и целата екипа успешно ќе пристигнат во нашата држава.
Во продолжение погледнете како се одвиваше ова воздухопловно патешествие на Тамара и нејзиниот тим.