Фановите ја довикуваа Селена Гомез додека Џастин и Хејли Бибер пристигаа на Мет Гала (ВИДЕО)

Фановите ја довикуваа Селена Гомез додека Џастин и Хејли Бибер пристигаа на Мет Гала (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ако се уште не сте забележале, Селена Гомез не присуствуваше на годинешната Мет Гала, која се одржа овој понеделник. Нејзините обожаватели сепак беа присутни меѓу публиката, па го дочекаа нејзиното поранешно момче Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли, повикувајќи ја Селена. Погледнете ги нивните реакции во видео кое стана популарно на интернет!

Додека група луѓе ја повикуваа Селена, Џастин и Хејли целосно ги игнорираа додека се фотографираа. 

Џастин носеше црн костум „la masion Drew“, а имаше и чанта со неговото лого, а Хејли носеше црн фустан со истакнато деколте од Сен Лоран. Ова е нивна прва Мет Гала откако се брачна двојка.


Селена последен пат присуствуваше на овој настан во 2018 година кога беше мета на критики поради нејзиниот тен кој беше видно потемен, а една година пред тоа беше со тогашното момче The Weeknd. На фановите сигурно навистина им недостасува да ја видат после долго време, па направија ваков скандал.


Автор: Famoza.net


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: