Фановите полудеа поради продолжението на „Сам дома“: Зарем не заработивте доволно пари од филмовите?
По скоро 30 години од излегувањето на филмот „Сам дома“ во кој Меколи Калкин го зезна Џо Пешиј, пристигна веста за „снимање на римејк наменет за новите генерации“.
Еден од најомилените божиќни филмови нема да ја избегне „традицијата“ на компанијата Волт Дизни за одново да снима веќе снимени филмови, па наскоро ќе имаме можност да запознаеме ново дете кое родителите го забораваат дома и новите „бандити“ кои ќе пробаат да го ограбат.
Сигурни сме дека нема потреба да се снима нов филм, но од оваа компанија тврдат дека има, како и дека „новиот филм ќе биде наменет за новите генерации“.
Освен употребата на компјутери и таблети во нападот на крадците искрено не гледаме потреба, а ни фановите не се воодушевија на социјалните мрежи по објавата на оваа вест.
„Зар не заработивте доволно од првите филмови, малку ли веи се пари“ - ова се само некои од твитовите на изреволтираните фанови на оригиналот.
Главата на „Дизни“, Боб Игер по објавата да се снима римејк не откри многу - не е познато ни кој ќе го игра Кевин Мекалистер, ниту кој е во игра за крадците кои беа поразени од едно 9 - годишно дете.
Во продолжение погледнете ги најдобрите сцена од филмовите „Сам дома“.