Фармерките што беа хит во 2000-тите се враќаат на модната сцена: Три модели кои ќе се носат оваа есен (ФОТО)
Мора да имате некои од овие во вашиот плакар.
Фармерките се најдобри панталони - бидејќи иако можеби не се најудобни, тие одат со сите комбинации на облека и можат да бидат идеални за секоја пригода, комбинирани со различни парчиња облека и додатоци можете да ги направите пообични или пофенси.
Кога ќе дојде постуденото време од годината, повеќето од нас сепак ќе го поминуваат поголемиот дел од времето во фармерки. Во која продавница и да одите, има еден куп различни модели на фармерки, а некои сигурно ќе бидат идеални за вас. Меѓутоа, ако сакате да бидете во тренд и да го носите она што е во тренд сега, за оваа есен ќе ви бидат потребни само три модели фармерки, еве кои ќе бидат најголемиот хит оваа есен и зима:
#1 Фармерки со шлицови
Не мислиме на искинати фармерки, туку фармерки кои имаат само еден шлиц, на пример, на коленото или веднаш над, на бутот, каде било. Се додека процепите не се наоѓаат на повеќе места низ нозете, туку изгледаат суптилно, тоа е она што ќе се носи. Тоа е добро, бидејќи доаѓа постудено време и не сакаме добар дел од нашата нога да биде гол и да се смрзнува. Дури и ако немате вакви фармерки, лесно можете да претворите некои стари што веќе не ги носите, во ваков модел, и има еден куп упатства за да ви покаже како да го направите тоа. Навистина не е тешко.
#2 Ѕвонести фармерки
Овој тип на фармерки доаѓа полека веќе некое време и може да видите се повеќе девојки како ги носат. Беа хит во 2000 -тите и се еден од оние модни трендови што или ќе ве воодушеват или ќе ви се стемне пред очите кога ќе ги видите. Одлично е што овој модел може многу добро да ја истакне вашата фигура и да направи да изгледате како песочен часовник, што е силуета кон која целат многу девојки. Ќе го нагласи вашиот струк и на некој магичен начин ќе изгледа како да имате повеќе облини отколку што имате.
#3 Рамни ногавици
А најновиот модел што ќе биде голем хит во наредните месеци се наједноставните можни фармерки, оние со рамни ногавици. Опуштени модели, или со потесни или пошироки ногавици, како сакате. Многу модни блогерки веќе почнаа да носат вакви фармерки и можете да украдете некоја идеја од нив за тоа како да ги комбинирате оваа есен.
извор: