Fashion Group најавува возбудливо отворање на новите продавници во East Gate Mall
Модната групација Fashion Group ги кани лојалните потрошувачи и вљубеници на модата заедно со познатите личности и модни инфлуенсери да ги погледнат супер стилските колекции на новите, но и веќе постоечки брендови проследени со многу забава и подароци во новите продавници во трговскиот центар East Gate Mall и најавуваат вистинско уживање за сите посетители.
Утре, петок, 29-ти октомври, Fashion Group со точна утврдена агенда и протоколи, има изненадувања за секој посетител, почнувајќи од 10 часот за децата во OKAIDI во присуство на Црвениот Крст на Град Скопје и нивните штитеници, 10:30 часот во PARFOIS, брендот SPRINGFILED од 11:00, TIMBERLAND 11:30 часот, со музичка забава Fashion & Friends точно напладне од 12 часот, Mango 12:30 часот и Dan JOHN 13:30 часот.
- Говорејќи за рафинираната естетика и стил, со големо задоволство го најавуваме отворање на новата продавница за мажи – Dan John, како еден од омилените директно од Италија. Промоцијата ќе се случува токму во 13:30 часот со супер возбудлив настап на познати машки танчери кои со точка во стилот на „Great Gatsby“, ќе претстават дел од колекцијата на Dan John, проследено со многу изненадувања за новите клиенти, најавуваат од Fashion Group.
* ПР - објава