Фејсбук има нова апликација за состанување: Побезбедна и поедноставна од Тиндер
Фејсбук продолжува да ги „истражува“ можностите за онлајн состанувањето, воведувајќи нова експериментална апликација по име Sparked.
Концептот на апликацијата на корисникот ќе му овозможи неколку последователни четириминутни виртуелни состаноци, по што, доколку две лица си се допаднат, можат да одржат уште десетминутен „дејт“, по што ќе можат да си ги разменуваат своите податоци.
Sparked е бесплатна апликација кај која нема профили, директни пораки, како кај Тиндер, туку сите функции се врзуваат за профилот на Фејсбук. Бидејќи е уште во експериментална фаза, апликацијата е достапна само преку сајтот, па ја нема во продавниците за апликации, пишува „Engadget“.
Sparked е апликација која сака да се претстави како безбедно место за запознавање. Затоа модераторите ги прегледуваат пријавите на заинтересираните пред да им одобрат или да не им одобрат да ја користат.
Помеѓу прашањата која апликацијата им ги поставува на корисниците е и дали сакаат да запознаваат жени, мажи или корисници кои не се изјасниле за полот. Откако ќе се одобри пристапот, Sparked на корисникот ќе му понуди неколку „speed date“ - ови.
Во овој момент не е познато дали апликацијата ќе заживее, бидејќи најверојатно ќе биде исклучена доколку за неа не постои доволен интерес.
фото: Pixabay