Фиби од „Пријатели“ поради серијата добила пореметување: Актерката не може да се гледа себе
Лиса Кудроу, актерката која е најпозната по улогата на смешната Фиби од мегапопуларната серија „Пријатели“, сите овие години ги криеше проблемите кои самата себе си ги направила за време на снимањето на серијата.
Во вистинскиот живот Лиса и Фиби воопшто не биле слични, Лиса имала помала самодоверба, за разлика од улогата која ја глумела.
Таа имала проблем да ги гледа своите фотографии во списанијата и појавувањата на телевизија, а сето тоа била последица на пореметувањето кое го добила снимајќи ја серијата.
Актерката мислела дека не се вклопува во стандардите на Холивуд и дека е „огромна“ наспроти колешките кои со неа играле во серијата (Џенифер Анистон и Кортни Кокс).
„Бев многу повисока и поголема. Покрај нив се чувствував како планина“ - рече Лиса.
На Лиса секогаш и било непријатно за време на снимањата, па одлучила да се вклопи во стандардите на Холивуд. Почнала наеднаш да ја губи тежината. Физичкото дисморфно нарушување ја спречило да види колку ослабнала. Губењето на килограмите и донело и здравствени проблеми.
„Континуирано бев болна. Настинки, инфекции на синусите“ - раскажува Курдоу.
Кога завршија „Пријатели“, Лиса била толку емоционално уморна што одлучила никогаш не ја гледа серијата. Тоа бил начин за да се заштити од пореметувањето кое и предизвикало толкава штета.
„Секој ден се борам, нешто ми врие во стомакот и ми вели дека не заслужувам никој да ме гледа. Можеби не си се допаѓам самата на себе, па не сакам да ризикувам“ - смета Лиса.
На крајот од се на актерката, оваа улога во серијата и се исплатеше, а освен што и донесе голема популарност и донесе и голема заработка.
Таа во 9 и 10 сезона заработувала дури милион долари од епизода, што ја направило најплатена ТВ актерка на сите времиња