Филиповиќ за тапанарот од Амадеус кој почина од корона: Не сакаше да оди на лекар, долго кашлаше

Филиповиќ за тапанарот од Амадеус кој почина од корона: Не сакаше да оди на лекар, долго кашлаше

Објавена во: Живот // Живот

Бојан Златановиќ Токан, тапанарот од музичкиот состав „Амадеус бенд“ почина од коронавирус.

Пејачот Дарко Филиповиќ, кој се дружеше со Токан повеќе од 30 години, не може да си дојде при себе поради загубата на пријателот, сограѓанинот, соседот, колегата...

„Бесен сум и лут, а не знам кој да обвинам“ - кажа Дарко низ солзи и раскажа низа несреќни настани.

„Токан долго кашлаше, но не сакаше да оди на лекар. Сам, на своја рака, пиеше лекови дома. Му кажам да оди да се прегледа, да не се шегува, но тој не го сфати тоа сериозно, како што сфаќаше сѐ останато низ шега. Беше најдобриот и најдуховиот човек кој го познавав. Ги сакаше сите луѓе и него сите го сакаа“ - кажа Филиповиќ.

„Кога конечно одлучи да оди на лекар, немаше место во белградските болници, па го сместија во Пожаревац. Таму помина некое време, но откако се влоши состојбата, го префрлија во Белград, во болницата „Д-р. Драгиша Мишовиќ“. Веднаш го приклучија на кислорот, но состојбата многу брзо се влошуваше. Температурата растеше, сѐ потешко дишеше“ - кажа Филиповиќ за „Ало.рс“.

„Пред 10 - тина дена го приклучија на респиратор. Докторите направија сѐ, па и немовозможното. Кон него се однесуваат како кон претседател. Сѐ што постоеше како опција, беше направено. Го отворија, му ги исчистија белите дробови, му вградија дренови, од лекарства му даваа сѐ што постои, а што се користи во борбата со коронавирусот... За жал, не успеаја“ - рече Филиповиќ низ солзи.


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: