Филмот за Анабел е страшен: Вистинската приказна за неа е уште пострашна

Филмот за Анабел е страшен: Вистинската приказна за неа е уште пострашна

Објавена во: Stars // Филм

Хрватски јутјубер во едно од последните видеа истражи сѐ за Анабел и нема да ви биде сеедно кога ќе го гледате ова видео...

Доколку мислите дека куклата Анабел е застрашувачка во филмовите, почекајте да ја слушнете приказната за вистинската кукла Анабел. За сето ова истражуваше јутјуберот Свенки, за Joomboos.

Свенки ја истражи приказната за вистинската Анабел и покажа ека таа всушност не изгледа онака како што е прикажана во филмовите.

„Владеењето на теророт на Анабел започнува во 1970 година. Тогаш мајката за својата ќерка Дона како роденденски подарок ја купува куклата и тука започнува страшниот дел“ - вели Свенки во видеото.

Анабел најпрво почнала да се поместува, а иако Дома и нејзината цимерка во почетокот се обидувале тоа да го оправдаат со ветерот и сличните причиним наскоро работата почнала да се влошува.

Куклата ја однеле во музејот на ловџиите на натприродни животни Ед и Лорен Ворен и иако кружат гласини дека куклата „избегала“ од музејот, нивниот син Тони го демантираше тоа.

„Од 14 август, куклата повеќе не е во нашиот музеј, но не затоа што побегна“ - вели Тони, објаснувајќи дека тој всушност само привремено ја отстранил од музејот, што го прави тоа секогаш кога музејот ќе го посетат повеќе луѓе, за да биде сигурен дека сè ќе биде во ред.

Во продолжение погледнете го целитото видео на младиот јутјубер.


Може да ве интересира:
Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: