Филмска празнична треска овој декември само на Gley!

Филмска празнична треска овој декември само на Gley!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Gley ја носи божиќната магија во вашите домови. Со почетокот на зимата, пристигнува и неверојатна филмска понуда достапна за сечиј џеб.На едно место, единствено на првата македонска стриминг платформа ги имате најдобрите холивудски остварувања, оскаровци, класици, трилер, љубов, акција, драма, комедија, божиќни филмови.

По напорниот ден, сите посакуваме удобно да се сместиме и да се релаксираме со  филм што ќе нѐ расположи и насмее.

Затоа, празничната треска започнете ја со категоријата ПРАЗНИЧНО, понуда на филмови со кои целосно ќе и се препуштите на новогодишната еуфорија.  

Dear Santa ја раскажува љубовната приказна создадена благодарение на Писмото до Дедо Мраз на едно 7-годишно девојче. Семејната драма Christmas Miracle не потесетува на најдлабоките чувства и согледување на најважните работи во животот. Насмевка на вашите лица ќе изнуди комедијата A Christmas reunion, но и Blizzard-Виулица кој го опишува пријателството на Кети и еден од најмладите ирваси на Дедо Мраз. Тука се и анимираните филмови, кои покрај вниманието на најмладата публика, не оставаат рамнодушен никого. The Snowman-Снешко,The Snowman and the Snowdog, Bernard, безвременска приказна за малата Хајди и нејзиниот живот на швајцарските Алпи, авантурата на лондонските џуџиња во цртаниот Sherlock Gnomes-Наслови во кои ќе уживате и со задоволство ќе им ги препорачате на своите пријатели.

Глејната сезона продолжува,надоградувајќи се со 52 врвни филмски остварувања. Домашно кино и репертоар со наслови за сечиј вкус.

Празничната магија продолжува со биогафскo-криминалистичата драма за кралот на кокаинот Loving Pablo -Вљубена во Пабло одиграна од љубовната двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардем.

Вниманието ви го задржува американски акционен трилер The Commuter-Патник во кој Лиам Несон, е несвесно регрутиран во заговор за убиство откако сосема случајно запознава мистериозна жена(Вера Фармига) на неговиот секојдневен пат со воз.

Деми Мур и Алек Болдвин ве водат низдрамата Blind-Слепило во која се разработува приказната за лажниот живот и пари наспроти искерноста и чувствата. Како оваа дама разочарана од потезите на својот сопруг се приклонува кон слепиот автор.

Оскаровецот Брус Вилис  е во мисија на Extraction-Извлекување  како поранешен агент на ЦИА киднапиран од страна на група терористи. Доза напнатост и  акција Вилис приредува и во 10 Minutes Gone-10 изгубени минути  кога грабеж на банка ќе тргне во непосакуван правец и еден од учесниците го губи сеќавањето. Тој треба да се сети што се случило и да дознае кој стои зад саботажата.

Хилари Свонк, Клинт Иствуд и Морган Фриман ви го носат најдобриот филм за 2005 награден со четири Оскари и Златен Глобус, и уште добитник на 75 награди Мilion dolar baby-Девојка од милион долари.

Добитникот на 9 Оскари, култниот The Last Emperor - Последниот кинески цар, биографска драма адаптирана од автобиографијата на Пуји, последниот цар на Кина.Филмот го прикажува животот на Пуји од неговото искачување на тронот како мало момче до неговото затворање и „политичка рехабилитација“ од страна на Кинеската комунистичка партија.

За топлата празнична атмосфера во овие декемвриски денови, првата македонска платформа ви ги нуди и љубовните класици  Autumn in New York Есен во Њујорк  со Ричард Гир и Винона Рајдер, Before Midnight-Пред полноќ  со Итан Хоук и  Џули Делпи, романтичната комедија A Good Woman-Добра жена со Хелен Хант, фантастичната Mirror, Mirror-Огледалце, Огледалце заснован на бајката „Снежана“ со Џулија Робертс и Лили Колинс…. и уште десетици наслови со превод на македонски и албански јазик.

За љубителите на најдоброто прикажано низ камерниот објектив, само до 10 јануари Gley ја нуди можноста ПОЛА ПРЕТПЛАТА ЗАСЕКОГАШ!  За само 150 денари месечно,отпуштете се и уживајте непрекинато во целата Gley содржина. Оваа понуда важи и за постоечките корисници, на кои автоматски, без повторна регистрација им се преполовува наплатата.

Филмското домашно кино Gley може да го гледате преку апликациите за вашиот Smart TV, мобилен, таблет и компјутер како и за MaxTV приемниците.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: