Филмската Дара од Јесеновац слави роденден: Актерката откри што се случило кога братот и сестрата се сретнале по 50 години!
Биљана Чекиќ го
расплака целиот Балкан со улогата на девојката Дара во филмот „Дара од
Јасеновац“, а по прикажувањето на филмот, јавноста се заинтересира за животот
на младата актерка. Вчера таа го прослави 14-тиот роденден, па на својот
Инстаграм откри што не очекува во продолжение на приказната.
„Буда беше посвоен од хрватско семејство и цел живот мислеше дека е Хрват. Неговиот син ќе учествува во „Задарската кристална ноќ“ и ќе запали српски куќи. Сепак, се‘ ќе се промени кога Дара и Буда ќе се сретнат повторно по 50 години. Ќе им се врати сеќавањето на болното минато од Јасеновац. Заплетот на серијата започнува во 1991 година за време на „Задарската кристална ноќ“, кога повеќе од 2.000 вооружени Хрвати тргнале да го уништат и ограбуваат имотот на Србите во Задар. Дара и Буда ќе се сретнат токму таму, 50 години по нивното бегство од Јасеновац. Двајцата нема да имаат никаков контакт долго време, бидејќи ќе бидат разделени по напуштањето на логорот на смртта“, објави младата актерка.
Улогите на Буда и Дара треба да ги играат Љубомир Бандовиќ и Мирјана Карановиќ.
Биљана живее во селото Срефлие со татко ѝ, брат ѝ и сестра ѝ, а целата населба има 196 жители. Далеку од продавниците, училиштето, секоја цивилизација, пред недовршена куќа, во таа „бездна“ живее насмеана девојка. Сака да продолжи да глуми, а желба и е да го запознае Милош Биковиќ.
Фото: Printscreen/youtube