Финансиски да се средам, Марта ќе ја земам за жена: Стефан Лазаров одбележува 5 години врска со девојката

Финансиски да се средам, Марта ќе ја земам за жена: Стефан Лазаров одбележува 5 години врска со девојката

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Нашиот јутјубер, водител и пејач, Стефан Лазаров, деновиве славеше 5 години врска со неговата девојка Марта.

Откако ја започна јутјуберската кариера, Лазаров често снима видеа со Марта, која ја запознавме преку нивните предизвици, квизови и други тематски видеа кои заедно ги снимаат. 
За нивната љубов и сериозна врска сведочат и заедничките фотографии кои ги објавуваат на социјалните медиуми, на кои ги гледаме во луди, слатки и заљубени изданија.

За одбележување на петгодишнина од врска, Лазаров ѝ посвети посебен пост на Марта, во кој вели дека не е лигав тип кој пишува долги пораки, но одлучи да прикаже едно сосема спонтано и искрено видео со кое ја докажува љубовта кон девојката, но, и ги открива идните планови со неа.

„За три, четири години, финансиски да се средам и Марта ќе ја земам за жена“ - вели Стефан во видеото на кое е видно расположен, па додаде дека видеото е од пред три години, но му останува уште една да го исполни ветувањето.

ВИДЕО:

  

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: