Фотката која ја објавила vs. пред уредувањето: ТикТокерка од Хрватска покажа колку е „фејк“ Инстаграм

Фотката која ја објавила vs. пред уредувањето: ТикТокерка од Хрватска покажа колку е „фејк“ Инстаграм

Објавена во: Moj стил, YouTube ѕвезди

Кој вели дека од социјалните мрежи доаѓаат само глупави предизвици? Ова е еден навистина позитивен тренд.

Сите знаеме дека фотографиите пред објавувањето на Инстаграм се уредуваат и тоа не е ништо ново, но колку и што најмногу се корегира? Ана Никол Врдољак покажа на својот пример. Станува збор за тренд во кој многумина веќе учествуваа, а голем дел признаа дека ги едитирале баш овие детали.

Ова е објава која треба да ја види секоја девојка! Иако знаеме дека сите ги уредуваат фотографиите, најдобро се гледа на пример. Повремено забораваме на тоа и пуштаме објавите на социјалните мрежи да влијаат на нас и сликата која си ја создаваме за себе. Во последно време на ТикТок започна еден навистина позитивен тренд.

Инфлуенсерите покажуваат на свој пример што уредуваат на фотографиите пред да ги покажат на јавноста. Иако не станува збор за многу големи промени, деталите кои ги едитираат ја менуваат целата фотографија за еден момент. На тој тренд се придружи и ТикТокерката од Хрватска, Ана Никол Врдољак. Иако изгледа одлично и на фотографија „пред“, кога ќе нагласи некои ситници, разликата е видлива.


И понатаму личи на себе, не го менува обликот на лицето или телото, но ова најдобро покажува колку неколку мали промени може да направат голема разлика. Само давањето на волумен на косата прави огромна промена на целата фотографија. Затоа немој да се нервираш кога фризурата не ти стои како на другите чии објави ги гледаш или бидејќи шминката не ти изгледа толку добро - не е ниту нивната совршена. „Пеглањето“ на фотографиите не е тешко и сите го прават тоа.


Објавена во: Moj стил, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: