(ФОТО) Били Ајлиш лансираше своја модна колекција: Инспирирана од нејзиниот стил
Прашање на време беше кога Били Ајлиш ќе се испроба во модната
индустрија.
Талентираната млада пејачка лансираше ексклузивна капсула колекција на својот Инстаграм профил, во соработка со брендот Фрик Сити.
Били е постојано изложена на критики поради ексцентричниот стил на облекување, но таа вели дека овие критики не ја допираат. Затоа лансираше колекција што ќе им се допадне на сите девојки кои го сакаат овој необичен стил.
Оваа колекција се состои од десет шарени парчиња облека директно инспирирани од стилот на пејачката. Колекцијата вклучува бициклистички и маици, шорцеви и кратки блузи. Сите парчиња се шарени, украсени со интересни налепници и натписи „Ангел“, „Били Ајлиш“, „Опседната“ и слично.