(ФОТО) Брзо го преболе разводот: Мајли Сајрус има ново момче?

(ФОТО) Брзо го преболе разводот: Мајли Сајрус има ново момче?

Објавена во: Stars // Музика

Иако неодамна се разведе од актерот Лијам Хемсворт со кој беше во брак само неколку месеци, изгледа дека Мајли Сајрус не престанува да биде во центарот на вниманието кога се скандалите во прашање. Имено, таа има ново момче.

По разводот Мајли дефинитивно продолжи да си го живее својот живот нормално. Таа наведува дека за нивниот развод е виновен Лијам кој наводно конзумирал премногу алкохол и наркотици.

Како што моментално стојат работите, Мајли започнала врска со музичарот Коди Симпсон, а тој истата ја потврди на стори на својот Инстаграм профил.

Објави црно - бела фотографија на која ја бакнува Мајли во чело, а притоа ја нарекува „бебе“.

Извори тврдат дека ги виделе заедно во продавница додека купувале сокови и суши, а една личност која се нашла во моментот во продавницата тврди дека разменувале бакнежи додека одбирале храна.

На втората фотографија тие лежат заедно во кревет и се смеат и изгледа дека ужуваат во времето кое го поминуваат заедно.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: