(ФОТО) Дали е можно: Дизајнерката Вера Ванг има 72 години, а изгледа како тинејџерка

(ФОТО) Дали е можно: Дизајнерката Вера Ванг има 72 години, а изгледа како тинејџерка

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Таа како да е од друга планета.

Американската дизајнерка Вера Ванг (72) е една од највлијателните во светската модна сцена.

Нејзините креации ги обожаваат најголемите sвезди кои често ги носат на црвениот тепих на најпопуларните настани, но многумина денес се прашуваат како модната дизајнерка успева да изгледа толку младо на 72-годишна возраст.

Нејзините фотографии, кои ги објавува на социјалните мрежи, изненадуваат многумина.

Имено, таа ја откри совршената кожа без никакви знаци на стареење, без никакви брчки на лицето, што ги шокираше нејзините фанови.

 „Божица“, „Како е можно ова“, „Убава жена“, „Што пие, крв од еднорог?“, „Како ја негувате кожата?“, се само некои од коментарите на нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Пред ситуацијата со коронавирусот, таа не беше љубител на вежбање и фитнес, иако поголемиот дел од детството го поминала во уметничко лизгање во Њујорк.

- Не сум голем љубител на вежбање, но сакам да играм голф. Јас сум ужасна во тоа, но не губам ентузијазам - изјави таа во интервју.

Вера со нејзините две ќерки

извор:alo.rs; Instagram


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: