(ФОТО) Деца на ѕвездите кои не се поубави од нивните родители

(ФОТО) Деца на ѕвездите кои не се поубави од нивните родители

Објавена во: Мода // Moj стил

За родител нема поголема радост отколку да го види своето дете поуспешно, посреќно, поубаво од самиот себе. Многу холивудски sвезди можат да се пофалат дека се среќни родители од оваа причина.
Децата на многумина светски познати парови успеаја да го искористат најдоброто од двајцата родители но сепак јавноста е поделена. Сметаат дека нивните родители немаат замена и дека се еинствени, а нивните деца само наликуваат на нив

Сепак, еве некои од најубавите наследнички на холивудските ѕвезди, уживајте во нив и обидете се да откриете кој зел што од кого. Ќерката на Џони Деп и Ванеса Парадис, Лили Роуз, ја зеде насмевката на мајка ѝ погледот на татко ѝ. Таа веќе е омилена кај модната куќа Диор и пред себе има вртоглава кариера.


Ава Филип е ќерка на актерката, Рис Витерспун и Рајан Филип. Ава веќе го направи своето деби во холивудскиот секуларен живот. Тинејџерката има неколку улоги зад себе, а медиумите не престануваат да ја истакнуваат сличноста со нејзината позната мајка.


Хејли Болдвин - Бибер е ќерка на актерот Стивен Болдвин. Убавицата е една од најбараните модели, а оваа пролет се најде на врвот на списанието „Максим“ на најсекси жени во светот. Хејли е и сопруга на Џастин Бибер.

Каја Гербер е ќерка на поранешната манекенка Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер. Тинејџерката самоуверено ги следи стапките на нејзината мајка на подиумот.


Париз Џексон е ќерка на Мајкл Џексон и медицинска сестра Деби Роу.


Извор: edna.bg


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: