(ФОТО) Џастин Бибер за првпат излезе од дома по обвиненијата за сексуален напад
Џастин Бибер, вчера беше забележан надвор од дома, додека одел на состанок во Лос Анџелес, Калифорнија, само еден ден откако негираше едно од двете шокантни обвиненија за сексуален напад, кои беа против него од страна на две жени на Твитер.
Пејачот од папараците беше „уловен“ како со тажен израз гледа надоле, а потоа и како разговара на неговиот мобилен телефон.
На себе носеше црвен дуксер, црни шорцеви и розова капа, а исто така и пар сини чорапи и бели патики, пишува Hollywoodlife.