(ФОТО) Како изгледа вилата на Кевин Систрум, креаторот на Инстаграм?
Повеќе од век, езерото Тахо во САД е многу примамливо место со моќна привлечност. Ова место беше домаќин на многу генерации авантуристи, јавни личности, пионери и уметници со своите магнетни пејзажи, скулптурирани од планинскиот венец Сиера Невада, како и неговите кристално сини води.
Еден од креаторите на Инстаграм, програмерот Кевин Систрум исто така е вљубеник во оваа природна убавина. Тој и неговата сопруга Никол се сопственици на осамена вила со фантастичен поглед на езерото Тахо. Мебелот во вилата е во постар стил - викторијански, старобаварски, па дури има и елементи на јапонскиот традиционален стил.
Во продолжение погледнете како изгледа нивниот дом.