(ФОТО) Ким ја копира Бијонсе: Фановите изреволтирани од новата насловна на „Vogue“

(ФОТО) Ким ја копира Бијонсе: Фановите изреволтирани од новата насловна на „Vogue“

Објавена во: Stars // Музика

„Таа е опседната со Бијонсе“ – коментираат фановите...

Ким Кардашијан уште еднаш ја имаше честа да ја краси насловната страница на „модната Библија“.

Овој пат се фотографираше и даде интервју за арапското издание на „Vogue“ за месец септември. Иако нејзината популарност и бараност воопшто не можат да не изненадат, тоа што веднаш го забележаа сите е нејзиниот нов, непрепознатлив изглед.

Освен незгодниот корсет, кој е огромна уметничка креација, Ким не изненади со својата фризура, екстремно долгата плетенка која делумно и е замотана околу главата и поради која фановите на Бијонсе ја обвинија дека целосно ја копира пејачката.

„Те сакам, но ова е 100% стил на Бијонсе..опседната си со нејзе“ – ова е дел од бројните коментари, сите во сличен стил.

Да се потсетиме дека фановите на Бијонсе ја обвинија Кардашијан дека отишла на пластични операции за да изгледа како Бијонсе, а по се, се чини дека нема да прекинат овие гласини се додека Ким не сe огласи.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: