(ФОТО) Ќерката на најследениот актер на Инста беше ѕвезда на неговата свадба: The Rock пукаше од гордост
Двејн Рок Џонсон се ожени минатиот месец со својата долгогодишна девојка Лорен, но набрзо стана јасно дека вистинските ѕвезди на оваа венчавка биле нивните ќерки Џезмин и Тиана.
Познатите родители објавија на своите инстаграм профили дека девојките имале посебна улога на венчавката - требало да фрлаат листови од цвеќе по стазата на која нивните родители ќе одат до олтарот.
Ова беше вистински предизвик за малата Тиана, која се уште не е сигурна кога оди сама, но затоа Џезмин доминирала.
Прочуениот актер објасни како.
„Да фрлаш цвеќе на венчавка е голема одговорност и Џези ја сфати навистина сериозно. Неколку минути пред церемонијата одлучивме да повежбаме. Набрзо сфатив дека таа е одлучна да не ги фрла нежно листовите од цвеќињата, туку да ги зграби и да ги фрли на подот со немилосрдна агресија и изопачена насмевка. Да, по ѓаволите! Тоа е мојата ќерка! - напиша The Rock под фотографијата која кажува многу повеќе од зборовите.
На следната фотографија објасни што се случило.
„Во својата возбуда и среќа Џези се сопна и падна додека одеше кон олтарот и сите листови испаднаа од корпата. Не плачеше и без да се поколеба започна да ги собира листовите и да ги враќа во корпата. Овој момент беше навистина кул и критичен (и поубав) микрокосмос за многу важни работи во нејзиниот живот - наравоучение дека ќе се сопнеш и паднеш. На сите ни се случува тоа. Но преземи одговорност, исправи се, избриши ја прашината од себе, насмеј се и продолжи со својот пат. Горд сум на инстиктот на своите мали девојки“ - наведе Двејн.
На крајот додаде дека на Џезмин и го дал најголемото и најслаткото парче од свадбената торта.
„Тоа го прават одговорните татковци. Ги претвараат своите деца во шеќерно торнадо“ - духовито додаде тој.