(ФОТО) Ќерката на прерано починатиот актер ги воодушеви сите: Имаш очи како татка си!
20 - годишната Мидов Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, повеќе од една година престана да ги користи своите профили на социјалните мрежи, но повторно се врати по паузата и ги воодушеви сите обожаватели.
За својот природен изглед има добиено многу комплименти од обожавателите. „Прекрасна си, исто како и Пол“, „Ги имаш очите на татка си“, „Ти си вистински ангел“, се само некои од коментарите кои беа доделени на сметка на Мидов.
Кога во 2013 година Пол Вокер го загуби животот во стравичната сообраќајна несреќа, Мидов имаше само 14 години. Две години подоцна, кога се уште беше тинејџерка, одлучи да се бори за правда. Покрена тужба против Порше, бидејќи го обвинуваше германскиот производител на спортски автомобили за сообраќајната несреќа и смртта на својот татко. Ѕвездата на акционите филмови, ќерката ја доби од врската со Ребека МекБрајн.
Мидов на 18 годишна возраст 'тивко' потпиша договор со модната агенција Women Management под чија закрила се едни од најпознатите манекенки на денешницата.