(ФОТО) Ковачевиќ приреди спектал за паметење, но главна ѕвезда беше малиот Љуба!
Со овации и со вресоци беше пречекан Саша Ковачевиќ, на концертот во ВИП Арената во Скопје. Главно женската публика своите телефони ги имаше подготвено уште пред српскиот пејач да се појави на сцената, за да не пропушти да сними ниту еден детаљ од настапот на својот миленик за социјалните мрежи.
Но, она што е најинтересно е фактот дека публиката падна во вистински делириум кога младата пејачка ѕвезда Љуба Станковиќ застана на сцената. Чудото од дете ја отпеа добро познатата Бато, а публиката во еден здив ја пееше со него.